Machinery Trading Company (Since 1994)

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА BOMAG ВАЉАЦИ ЗА ЗЕМЈА

Сите градежни проекти имаат една заедничка работа: бараат подносливост на подлогата. Затоа сите ваљаци за земја играат клучна улога во градежните процеси.

Спецификациите на проектите се сепак многу различни. На пример, одреден изведувач кој работи блиску до објекти, мора да користи различен метод на набивање за разлика од стандардното набивање при изградба на патишта. BOMAG нуди широк спектар на ваљаци за земја за секаков тип на работа. Од компактни и лесно управливи ваљаци за градски средини, до тешки и моќно модели за изградба на брани, со гладок или еж бандаж или уникатниот полигонален банаж – што во суштина значи дека изведувачите го имаат правиот алат за секое градилиште. Со години, BOMAG е рангиран на местото број 1 на пазарот. Сепак, дизајн инжинерите на BOMAG го прават најдоброто уште подобро со секоја нова генерација на ваљаци.

Импресивни во секој детал.
Што ги прави BOMAG ваљаците за земја уникатни:

1. BOMAG ПРЕДНОСТ: РАБОТНОТО МЕСТО.
Кога инжинерите на BOMAG ја развиваа кабината на овие ваљаци за земја, ги имаа на ум потребите на ракувачите. Резултатот: оптимални услови за прецизна и брза работа на градилиште.
Кабината има простран дизајн со одлична видливост на сите страни. Кога се работи подолго време, ергономското седење овозможува возење без напор. Управувачкиот волан е прилагодлив за секој ракувач, а Визуелниот асистент на правецот овозможува лесно и прецизно набивање покрај креавите.


2. BOMAG ПРЕДНОСТ: РАБОТНИОТ КОНЦЕПТ.
Управување без напор за прецизна работа.
Софистицираната технологија не мора да биде комплицирана, ова е одлика која BOMAG машините ја потврдуваат години и години, а најновата генерација ваљаци за земја (тампон) не се исклучок. BOMAG осигурува дека возачот со леснотија ќе има се под контрола! Без хиероглифи, без конфузија, без сложувалки: работниот концепт е само-објасноувачки со јасно поставени контроли. Јасните симболи ја идентификуваат функцијата и даваат брза информација за сите важни сигнали на машината.

Дополнителниот систем TERRAMETER, развиен од BOMAG, го подржува возачот на многу важен начин. Системот ја покражува набивната вредност дигитално во форма на графикон, и укажува за крај на набивањето. Ова помага за избегнување на непотребни поминувања, што заштедува време и ја зголемува рентабилноста.


3. BOMAG ПРЕДНОСТ: НАЈНОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА МОТОРИ.
Можете да заштедите на паметен начин.

Кумулативната сила на BOMAG-овата иновација може да биде најдена во секој мотор. Најновата Tier 4 final генерација,  ги задоволува и највисоките регулативи на емисија на гасови. Паметниот ECOMODE систем на контрола на моторот, не само што заштедува до 30% од горивото, туку и произведува помала бука. Со дополнителниот ЕCOSTOP, моторот автоматски се гаси по ордеден период на работа во место (лер). Ова исто така заштедува гориво и помало абење на деловите на моторот.

 

4. BOMAG ПРЕДНОСТ: СТЕПЕН НА ИСКАЧУВАЊЕ.
Без неуспеси на косини.

Сигурноста е број 1 приоритет, а токму тоа BOMAG ваљаците го демонстрираат на големи косини. Осигуруваат контакт со подлогата дури и на екстремно нерамни површини и се вистински мајстори на искачувањето. Стандардната D-верзија веќе има процент на искачување дo 53%. На овој модел, мануелна контрола на пролизгувањето овозможува специфично прилагодување на условите на подлогата. Задните осовини се опремени со “ No-Spin” диференцијал со автоматска блокажа од 100%. Ова значи континуирано возење напред, дури и ако едното тркало е во воздух. Системот на двојна пумпа кај H-верзијата, го претвара моќта на моторот во тракција. Дури и косини од над 60% не се проблем.

5. BOMAG ПРЕДНОСТ: ЛЕСЕН СЕРВИС.
Паметниот дизајн значи лесно одржување.

BOMAG-овиот сервисен концепт има јасна цел: помалку одржување, помалку застанувања и пониски трошоци. Во дизајнерски жаргон: елиминирање на непотребните сервисни точки и правејќи ги важните попристапни. На пример, ниту еден BOMAG ваљак нема точки за подмачкување. Проверката на масло, филтрите, местата за полнење и празнење се лесно достапни од земја. Гумените буфери на бандажот, можат да се заменат без вадење на рамката. Лесен Сервис е повеќе од само слоган, тоа е резултат на паметна технологија – важен дел од пристапот на BOMAG при дизјанот.


  

6. ВКУПНИ ТРОШОЦИ НА СОПСТВЕНОСТ (TCO).
Тежини до 28 t – Но не се тешки на трошоци.

Или поедноставно: има 4 фактори кои помагаат за намалување на трошоците.

а) Иновативна технологија. Последната генерација мотори и погонската технологија овозможуваат ефикасни перформанси и заштеда на гориво.

б) Концептот на одржување. Подолги сервисни интервали и без подмачкување, значи помалку одржување, помалку застој – бидејќи времето е пари.

в) Едноставен работен концепт. Јасните команди и дизајн на кабината значи без скапи тренинзи.

г) Технологијата и системите на мерење, кои исто така придонесуваат за оптимизирање на работните процедури.

 

ПРЕГЛЕД НА МОДЕЛИ:

About FIMACO