Machinery Trading Company (Since 1994)

НОВ BOMAG ПНЕВМАТСКИ ВАЉАК BW 28 RH

 

Фирмата BOMAG од Германија, веќе 60 години развива и произведува машини за набивање. Нивната цел е континуиран развој и секоја нова генерација на машини да биде подобра и поефикасна од претходната. Ова беше повтороно остварено со новиот пневматски ваљак BW 28 RH. Без разлика дали се работи за флексибилниот балласт (менување на тежината), ергономската кабина или продуктивноста – иновациите се протегаат на секое поле, овозможувајќи ваљакот BW 28 RH да биде идеален за секое барање при изградбата на патишта.

Подобрувања и понатамошен развој е секогаш возможен, без разлика колку е добар оригиналниот производ. Пневматскиот ваљак BW 28 RH е најдобар доказ за тоа, бидејќи претставува понатамошна оптимизација на веќе докажаните и ефикасни BOMAG пневматски ваљаци. На пример, беше направен секаков обид да се постигне поголем квалитет во набивањето, што бара оптимален преглед на работната површина на ваљакот. За да го оствари ова, BOMAG направи екскурзија во животинското царство и го позајми карактеристичниот изглед на Ајкулата-Чекан, за дизајнот на шасијата. Предниот дел на ваљакот BW 28 RH е моделиран да изгледа како главата на ајкулата чекан и за прв пат овозможува возачот да има целосен и непречен преглед на површината на пневматиците. Со тоа, возачот директно може да види дали пневматиците се влажни за да не се лепи битумен на нив.

 

Новиот пневматски ваљак BW 28 RH нуди комфорт и оптимална ергономија за возачот во сите услови. Непречениот преглед на работната површина не значи само зголемен комфорт за возачот, тоа исто така значи значително зголемување на работната ефикасност, бидејќи е можно да се работи многу поблиску и попрецизно покрај краевите на асфалтот или споевите. Како додаток е вратата која обратно се отвара и помага при прегледот во сите правци.

Покрај добриот преглед кој го овозможува, флексибилноста исто така игра голема улога. Ваљакот BW 28 RH поставува нови стандарди во овој поглед и се претставува како сестран играч на секое градилиште. Различните опции за баласт (додавање тежина) понудени кај овој пневматски ваљак се клучен фактор

Сето тоа е овозможено преку градација на работната тежина од 8.6 до 28 тони, и може да биде прилагодена брзо и едноставно во зависност од барањата, со челични или бетонски плочи, кои лесно се лизгаат внатре и надвор од ваљакот. Како додаток, баласт со капацитет од 3 m³ може да се користи за баластирање по желба. Со менување на работната тежина, возможно е на пример ваљакот прво да го набива носечкиот асфалтен слој, па потоа горниот слој, или да работи на градилишта со различни апликации – се’ со само една машина. Ваљакот BW 28 RH може да биде прилагоден брзо и лесно во зависност од работните локални услови.

 

Иновативниот дизајн на шасијата – моделиран по изгледот на главата на Ајкулата-Чекан, за прв пат овозможува непречен преглед на површината на пневматиците.

Но овој пневматски ваљак не е извонреден само во технички термини, тој е исто така e одличен и од аспект на комфорт, лесна управливост и импресивни иновации. Возачот ужива комфорт и оптимална ергономија во сите услови, со што работата станува попријатна и истовремено попродуктивна.

Кабината сама по себе овозможува доволно слобода на движење и место за складирање, како и моќен вентилациски систем. Поради целосно запечатениот под, кабината овозможува добра звучна изолација. Друга карактеристика е варијабилното поместување на седиштето, кое практично “лебди” во кабината без никаков напор. Со тоа што седиштето слободно ротира во насока на управувачкиот столб, возачот може да комотно да си ја прилагоди позицијата на седење за време на подолг работен ден. Редизајнираната педала за кочница, ја опфаќа целата ширина на работната платформа, правејќи ја директно и сигурно достапна во секое време.

 

Без разлика дали се работи за автопатишта, рурални или урбани патишта, аеродромски писти или паркинзи – поради својот високо специјализиран дизајн, ваљакот BW 28 RH е идеален за сите барања во изградбата на патишта, и може брзо и флексибилно да реагира при промена на условите. Пневматскиот ваљак BW 28 RH нуди високо економични резултати при земјени работи, асфалтирање, набивање на стабилизирани земјени подлоги и поправки на површината и уште еднаш ја демонстрира ефикасноста и ефективноста на BOMAG машините.

Повеќе технички податоци...

About FIMACO