Machinery Trading Company (Since 1994)

Ноќен градежен проект

 

Финишерот BOMAG BF 800 C покажа импресивни перформанси на реконструкцијата на аеродромската писта во Нирнберг. Навечер со импресивно осветлување, подлогата беше подновена во должина од 2.8 km и ширина од 15 m. Целата работа беше изведена од 23:00 ч. до 07:00ч. изутрина, во три викенди помеѓу крајот на Април и почетокот на Јули. За овој проект изведувачот, високоценетата градежна фирма “W. Markgraf GmbH & Co KG” од Bayreuth, користеше 2 х BF 800 C финишери со S500 даска до 8 m. За набивањето, беа користени тандем ваљаците BW 100 AC и BW 154 AP со ASPHALT MANAGER.

 

23:00 ч.: Аеродромот во Нирнберг е важно пристаниште за воздушниот сообраќај кон и од Југот на Германија. Исто така, е и еден од ретките аеродроми без забрана за ноќни летови. Вкупната должина на пистата е 2.8 km. Од Јули 2009 пистата е обновена и ширината е проширена од 45 на 60 m. Тоа значеше дека постоечката површина мора да биде обновена, како и да се прошират рабовите, вклучувајќи ги инсталациите за кабли и светлата за слетување. За да се намалат ефектите од воздушниот сообраќај што е можно повеќе, аеродромот беше целосно затворен за сообраќај на 6 викенди помеѓу 23:00 ч. вечерта до 07:00 ч. наутро.

01:00 ч.: Откако бетонските подлоги на пистата беа извадени, започна поставувањето на асфалт со ниска температура. Споредувајќи го со другите типови на асфалт, овој асфалт, може да биде мешан и поставен со многу пониска температура. Адитиви во форма на восок или зеолит се додаваат во стандардната асфалтна мешавина, што овозможува да биде мешан и поставен без притоа да се прави компромис во производството и перформансите. По поставувањето, на асфалтот може да се вози со температура од 70°C и за проектот во Нирнберг тоа беше најдобро решение за да се обезбеди брзо пуштање на сообраќајот.

Овој метод, кој е брз и економичен за аеродромот, пак прави голем временски притисок кон изведувачот. За време на ноќта, фирмата Markgraf имаше само 6 часа додека сообраќајот беше стопиран, да постави нов слој, да чека да се олади и да го предаде на аеродромските власти спремен за сообраќај. Секое доцнење беше исклучено од старт, бидејќи доцно примопредавање ќе значеше високи пенали. “Спецификациите за овој проект, беа нормално, многу високи”, се сеќава проект менаџерот Andreas Völkl. Обновување на писта е тежок проект. Мора да биде прецизно испланиран и се мора да функционира совршено. Нормално нашата цел е секогаш да завршиме перфектна работа, но овде немавме никаков простор за грешка. Авионите мораа да слетаат сигурно на пистата повторно.”

02:00 ч.: Изненадувачки, и покрај големиот временски притисок, можеше да се почувствува релаксирана атмосфера на аеродромот – несвојствено за вакви проекти. Причината беше – покрај искусниот тим кој работи заедно во хармонија – финишер на кој можеа да се потпрат. Благодарејќи на големите нивелирачки плочи, направени од високо отпорен челик и оптималната дистрибуција на тежина, високо-перформансните даски на двата BOMAG BF 800 C финишера, создадоа униформна површина и рамност –  без бранови и пукнатини. На овој проект, исто така, финишерите обезбедија високо ниво на сигурност, коe беше виталнo сметајќи го временските рамки и притисок. Клучна карактеристика во тоа беше MAGMALIFE системот за греење на даските. Електрично греење каде грејните елементи се алуминиумски излеани плочи, кои се многу издржливи и подеднакво ја распоредуваат топлината. “Дистрибуцијата на топлина е многу добра. Плочите се загреваат брзо – што беше важно за да немаме доцнења”, беше заклучокот на Andreas Völkl. Придонес кој и помогна на фирмата од Bayreuth да ги оствари високите критериуми за квалитет и краткиот временски распоред.

03:00 ч.: Како часовник, основниот слој, биндерот и површинските слоеви беа поставувани со брзина од 5 m. во минута. Важно за работниците на ноќната смена: финишерот BF 800 C е мошне тивок и се управува лесно и интуитивно. Без стресни работници и активности и без доцнења во Нирнберг. За време на проектот, проект менаџерот Andreas Völkl, секогаш ја имаше на ум температурата на асфалтот која се бараше од аеродромските власти. Таа не смееше да надмине 70°C “Ни беше потребна апсолутна сигурност за овој проект и благодарејќи на двата BF 800 C финишера и натамношното набивање на асфалтот со двата тандем ваљака, се помина без застој”, заклучи Völkl.

07:00 ч.: Во точно 07:00 ч. утрото, контрола на квалитетот беше извршена од градежните инспектори за сигурност од аеродромот во Нирнберг. Благодарејќи на BOMAG финишерите, Andreas Völkl знаеше што ќе покажат тестовите на инспекторите: нивоата на набиеност, квалитетот и рамноста беа сите по спефицикација. Неколку минути подоцна, Völkl заврши добра ноќна работа: “Во 07:30ч. ги гледате првите патници на аеродромот, кои се упатуваат на својот летен одмор, без идеа што ние направивме за време на ноќта. И се чувстувате задоволен од својата работа.”



About FIMACO

%d bloggers like this: