Machinery Trading Company (Since 1994)

BOMAG Компактори за отпад


Воведување ред во депониите за отпад.

BOMAG е посветен да им понуди на своите клиенти машини со највисок квалитет и ефикасност во секое време и за секаков вид на примена. За да се постигне оваа цел, клучот е постојан напредок. Па така, BOMAG Компакторите за отпад ВС 463/473/573 – се редизајнирани и подобрени, за да ги достигнат највисоките стандарди и да постават нови стандарди во индустријата.
Многу нови карактеристики го прават животот полесен и поефикасен – како хидрауличното отварање на хаубата од моторот и високо поставениот влез на свеж воздух. Заедно со многуте предности, Компакторите за отпад на BOMAG, се доверливи и ефикасни партнери во процесот на управување со депонии.

ФОРМУЛАТА ЗА УСПЕХ.
Основата на профитабилноста со управување на депонии е во оптималното користење на капацитетот, што значи најдобро можно набивање на секаков вид отпад. Компакторите за отпад на BOMAG ги постигнуваат овие барања бидејќи се специфично дизајнирани да работат под екстремни услови кои се среќаваат на депониите:

  • Eфикасност: Ниска потрошувачка на гориво > пониски работни трошоци
  • Моќност: Модерни и моќни дизел мотори > доволна моќ при сите услови на работа
  • Економичност: Интелигентен дизајн > економично набивање со минимум одржување
  • Ергономија: Лесен пристап до сите сервисни точки на дневна и редовна база за сервис
  • Разноврсност:  Пазарно ориентирани модели > користење на широк спектар на депонии
  • Задржување на вредност: Издржлива технологија и највисок производствен квалитет > Висока препродажна вредност
  • Сигурност:  Продолжена Гаранција и договори за одржување достапни да ги задоволат сите поедничени барања

НАЈНОВА ГЕНЕРАЦИЈА МОТОРИ
Mercedes/MTU engine (Stage 4 / TIER 4 final)
Моќен турбо напојуван и модерен дизел мотор
Ниска потрошувачка и ниски трошоци за одржување
SCR Третман на издувните гасови
Ефикасен и робустен
Користен низ целиот свет со достапност на делови и сервис

ЕФЕКТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА НА ВОЗЕЊЕ.
BOMAG Компакторите за отпад користат високо-притисен худрауличен систем. Системот има неколку компоненти во трансмисијата, произведувајќи високо ниво на ефикасност и ниска потрошувачка на енергија. Хидраулично придвижуван вентилатор со регулација на брзината за чистење, самочистечки поради реверзибилниот систем на движење на вентилаторот.
Интелигентен систем на ладење кој го прилагодува протокот на воздух во зависност од температурата, за да ја намали потрошувачката на гориво до 5% и буката.

ОДРЖЛИВОСТ.
Како лидер во светот на технологијата за набивање, BOMAG е високо фокусиран на сите фактори кои ја засегаат одржливоста. Ова вклучува ефикасно управување со природните ресурси за време на производството и за време на користењето на машините. Како поддршка на овој концепт, BOMAG ја поставува одржливоста во пракса во дизајнот и производството и кај своите Компактори за отпад.

РЕЦИКЛИРАЧКИ МАТЕРИЈАЛИ.
На пазарот на Компактори за отпад, важно е да се презентира одржливоста позитивно и правилно да се поддржи со факти за време на тендерските постапки. BOMAG избира суровински материјали со највисок рециклирачки потенцијал – преку 92% од компонентите вградени во Компакторите се со можност за рециклирање.

НАМАЛЕНО ЗАГАДУВАЊЕ ЗА ОПЕРАТОРОТ И ОКОЛИНАТА.
BOMAG има долго и практично искуство со ефикасните системи преку прифаќање на регулативите за емисија на гасови многу порано од задолжителниот рок. Интелигентниот систем за ладење, комбиниран со најновата технологија на мотори, носи бенефит за корисниците. Сите BOMAG Компактори за отпад се опремени со мотори кои ги задоволуваат најстрогите регулативи на емисија на гасови. Со тоа, BOMAG продолжува да ги исполнува предизвиците на современата заштита на околината, и истовремено да овозможи импресивна, моќна и ефикасна технологија.. Исто така, ракувачот на машината е заштитен од сите гасови и прашина со кабинскиот систем за филтрација.

ДИСТРИБУИРАЊЕ И БУТКАЊЕ НА ОТПАДОТ.
Основата на доброто набивање во депониите е дистрибуција на отпадот во адекватни слоеви. За еднаква и рамна дистрибуција, ракувачот бара прецизна машинерија, голема моќ и висока тракција. Сето ова е стандарно кај BOMAG Компакторите за отпад!
Џоистикот е лесен за управување што значи добра прецизност кога се работи на подолги смени. Глаткиот хидростатичен концепт на возење ја конвертира силата на турбо-дизел моторот во висока излезна моќност на целата машина. Контролата на оптоварување, автоматски ја прилагодува брзината на возење за оптимално користење на достапната моќ. Уникатна предност е и осцилацискиот-артикулирачки зглоб на машината, кој е дизајниран да ги издржи и најтешките оптоварувања и стресови при работа на депонии. Зглобот дозволува осцилација од 15° и  40° вртење на двете страни помеѓу предниот и задниот дел/шасија на машината. Резултатот е контакт на сите тркала со подлогата  за оптимално набивање, сигурност и тракција.


НАБИВАЊЕ ОТПАД.

Ако материјалот е еднакво дистрибуиран може да се достигне најдоброто можно набивање, а набивањето на отпадот значајно влијае врз животнот век на секоја депонија. Поради големите инвестиции во депониите, секој дополнителен заштеден квадратен метар пополнет со отпад значи заработка. BOMAG постигнува оптимална набиеност преку дизајнот на своите компактори:

Геометријата на тркалата – Ефикасната набиенос т е овозможена преку полигноналниот дизајн на челичните тркала, кои заедно со високо издржливите заби имаат ефект на згмечување и збивање на отпадот.

Скреперите за чистење – Прилагодливи помеѓу секој ред на заби, за да ги одржат тркалата чисти при секакви услови. Одлична заштита на планетарниот менувач против преоптоварување и избегнување на дополнителни трошоци за поправки. Дополнително вградени секачи на жици, кои ги заштитуваат тркалата од странично заплеткување од кеси и жици.

Дизајн на шасијата – Комплетно затворено дно на шасијата, без навлагање на отпад во внатрешноста, без можност за запалување. Високото растојание од земјата го намалува абењето.
Осцилирачкиот и артикулирачки зглоб, осигурува контакт со подлогата на сите 4 тркала и со тоа се овозможува најдобра тракција и набивање.


Изглед на модерна депонија за отпад, со правилно користење на технологијата на набивање.

Повеќе информации на:
www.bomag.com
www.fimaco.com.mk

About FIMACO