Machinery Trading Company (Since 1994)

Uncategorized

НОВ BOMAG ПНЕВМАТСКИ ВАЉАК BW 28 RH

FIMACO

 

Фирмата BOMAG од Германија, веќе 60 години развива и произведува машини за набивање. Нивната цел е континуиран развој и секоја нова генерација на машини да биде подобра и поефикасна од претходната. Ова беше повтороно остварено со новиот пневматски ваљак BW 28 RH. Без разлика дали се работи за флексибилниот балласт (менување на тежината), ергономската кабина или продуктивноста – иновациите се протегаат на секое поле, овозможувајќи ваљакот BW 28 RH да биде идеален за секое барање при изградбата на патишта.

Подобрувања и понатамошен развој е секогаш возможен, без разлика колку е добар оригиналниот производ. Пневматскиот ваљак BW 28 RH е најдобар доказ за тоа, бидејќи претставува понатамошна оптимизација на веќе докажаните и ефикасни BOMAG пневматски ваљаци. На пример, беше направен секаков обид да се постигне поголем квалитет во набивањето, што бара оптимален преглед на работната површина на ваљакот. За да го оствари ова, BOMAG направи екскурзија во животинското царство и го позајми карактеристичниот изглед на Ајкулата-Чекан, за дизајнот на шасијата. Предниот дел на ваљакот BW 28 RH е моделиран да изгледа како главата на ајкулата чекан и за прв пат овозможува возачот да има целосен и непречен преглед на површината на пневматиците. Со тоа, возачот директно може да види дали пневматиците се влажни за да не се лепи битумен на нив.

 

Новиот пневматски ваљак BW 28 RH нуди комфорт и оптимална ергономија за возачот во сите услови. Непречениот преглед на работната површина не значи само зголемен комфорт за возачот, тоа исто така значи значително зголемување на работната ефикасност, бидејќи е можно да се работи многу поблиску и попрецизно покрај краевите на асфалтот или споевите. Како додаток е вратата која обратно се отвара и помага при прегледот во сите правци.

Покрај добриот преглед кој го овозможува, флексибилноста исто така игра голема улога. Ваљакот BW 28 RH поставува нови стандарди во овој поглед и се претставува како сестран играч на секое градилиште. Различните опции за баласт (додавање тежина) понудени кај овој пневматски ваљак се клучен фактор

Сето тоа е овозможено преку градација на работната тежина од 8.6 до 28 тони, и може да биде прилагодена брзо и едноставно во зависност од барањата, со челични или бетонски плочи, кои лесно се лизгаат внатре и надвор од ваљакот. Како додаток, баласт со капацитет од 3 m³ може да се користи за баластирање по желба. Со менување на работната тежина, возможно е на пример ваљакот прво да го набива носечкиот асфалтен слој, па потоа горниот слој, или да работи на градилишта со различни апликации – се’ со само една машина. Ваљакот BW 28 RH може да биде прилагоден брзо и лесно во зависност од работните локални услови.

 

Иновативниот дизајн на шасијата – моделиран по изгледот на главата на Ајкулата-Чекан, за прв пат овозможува непречен преглед на површината на пневматиците.

Но овој пневматски ваљак не е извонреден само во технички термини, тој е исто така e одличен и од аспект на комфорт, лесна управливост и импресивни иновации. Возачот ужива комфорт и оптимална ергономија во сите услови, со што работата станува попријатна и истовремено попродуктивна.

Кабината сама по себе овозможува доволно слобода на движење и место за складирање, како и моќен вентилациски систем. Поради целосно запечатениот под, кабината овозможува добра звучна изолација. Друга карактеристика е варијабилното поместување на седиштето, кое практично “лебди” во кабината без никаков напор. Со тоа што седиштето слободно ротира во насока на управувачкиот столб, возачот може да комотно да си ја прилагоди позицијата на седење за време на подолг работен ден. Редизајнираната педала за кочница, ја опфаќа целата ширина на работната платформа, правејќи ја директно и сигурно достапна во секое време.

 

Без разлика дали се работи за автопатишта, рурални или урбани патишта, аеродромски писти или паркинзи – поради својот високо специјализиран дизајн, ваљакот BW 28 RH е идеален за сите барања во изградбата на патишта, и може брзо и флексибилно да реагира при промена на условите. Пневматскиот ваљак BW 28 RH нуди високо економични резултати при земјени работи, асфалтирање, набивање на стабилизирани земјени подлоги и поправки на површината и уште еднаш ја демонстрира ефикасноста и ефективноста на BOMAG машините.

Повеќе технички податоци...

ФИНИШЕРИ со BOMAG ДНК

FIMACO

Изградбата на патишта е комплексна задача. Затоа секој BOMAG финишер е систематски дизајниран за ефикасност – без разлика на класата или верзијата на гасеници или тркала. Ова се однесува и на пониската потрошувачка на гориво, како и на брзата работна спремност и одличната пред-набиеност. Развиен и оптимизиран од инженери, кои црпат искуство од преку 50 години, особено во поглед на ефикасната изградба на патишта. Секоја машина излегува од фабрика со највисоко можно ниво на доверливост. Уште една причина, зошто избирајќи го BOMAG oсигурува инвестиција која се исплаќа на долг рок.


ШТО ГИ ПРАВИ BOMAG ФИНИШЕРИТЕ УНИКАТНИ:

  1. MAGMALIFE® Греење преку алуминиумски плочи.
    Високите температури се апсолутно критични при асфалтирањето, a брзината на греење не е прашање на магија, туку како резултат на креативен инженеринг насочен кон крајниот корисник. Magmalife системот на BOMAG го редефинира греењето на даските, со 3 пати побрзо загревање од конвенционалните системи.
    Сите греачи се залиени во алуминиумска блок плоча. Благодарејќи на одличната спроводливост на алуминиумот, времето за загревање на плочите е значително пократко, така што финишерот и екипата се спремни за работа побрзо.
    Период на греење и еднаква дистрибуција на топлината за само 20 минути.
    Зголемена заштита од корозија
    Мин. 2 години гаранција на алуминиумските плочи за греење
    Едноставна интуитивна работа
    Намалување на трошоците за работа

       


  1. ПРОДОЛЖЕТОЦИ СО БРЗИ СПОЈКИ
    Брзо, едноставно, совршено: тоа претставува системот на брзи спојки на BOMAG. Паметен брз приклучок на даската, кој овозможува продолжетоците да се поврзат без комплицирани зашрафувања. Резултат: пократко време за припрема и значително намалување на трошоците.
    “Закачување” на продолжетоците со водилки
    Користење на лизгачки спојки
    Не е потребна латерална потпора
    Најдобра можна флексибилност за сите должини на поставување
  2.    

 

  1. BOMAG ECOMODE® – Систем за заштеда гориво.
    Со ECOMODE Системот, BOMAG го нуди најекономичниот финишер на пазарот. Со активниот менаџмент систем на работа на моторот и хидрауликата се заштедува до 20% гориво и значително се намалува буката, како и негативниот ефект врз околината.
    Контролираните брзини на моторот, заштедуваат гориво и обезбедуваат потивка работна атмосфера
    Хидраулика контролирана према барањата. Точна моќност кога е потребна.
    Хидраулично контролирани перки, кои дополнително ја намалуваат потрошувачката и буката.

          


 

  1. НАЈДОЛГИ И НАЈТЕШКИ ДАСКИ НА ПАЗАРОТ.
    BOMAG финишерите се одликуваат со најтешките даските на пазарот (3900 и 4200 кг.), како и со најдолги плочи кои го рамнат асфалтот со должина од 400 мм. Искуството на BOMAG во технологијата на набивање, овозможи даските на финишерите да се карактеризираат со:
    Пред-Набиеност на поставениот асфалт до скоро 95% (со само 1 тампер и вибрација). Не се потребни дополнителни 2 или 3 тампери, како и шипки за притисок, кој ги нудат конкурентите).
    Подобра рамност, поради долгите плочи и тежината.
    L.C.S. системот, не дозволува пропаѓање на даската или нерамност при чести застанувања.

       


 

  1. BOMAG SIDEVIEW SYSTEM® – Одличен преглед на сите страни.
    Патентираниот SideView систем на BOMAG, ја опфаќа целата работна конзола и седиштето во една варијабилна прилагодлива единица. Целата контролна кабина се поместува латерално лево или десно до макс. 60 см. Со тоа, возачот се фокусира на најважните работи: оптимален преглед на краевите, бункерот, полжавите и даската.
    Сите функции се достапни пред работникот, логично и ергономски наредени, без губење многу време за обукa.