Machinery Trading Company (Since 1994)

Новитети

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА BOMAG ВАЉАЦИ ЗА ЗЕМЈА

FIMACO

Сите градежни проекти имаат една заедничка работа: бараат подносливост на подлогата. Затоа сите ваљаци за земја играат клучна улога во градежните процеси.

Спецификациите на проектите се сепак многу различни. На пример, одреден изведувач кој работи блиску до објекти, мора да користи различен метод на набивање за разлика од стандардното набивање при изградба на патишта. BOMAG нуди широк спектар на ваљаци за земја за секаков тип на работа. Од компактни и лесно управливи ваљаци за градски средини, до тешки и моќни модели за изградба на брани, со гладок или еж бандаж или уникатниот полигонален банаж – што во суштина значи дека изведувачите го имаат правиот алат за секое градилиште. Со години, BOMAG е рангиран на местото број 1 на пазарот. Сепак, дизајн инжинерите на BOMAG го прават најдоброто уште подобро со секоја нова генерација на ваљаци.

 

Импресивни во секој детал.
Што ги прави BOMAG ваљаците за земја уникатни:

1. BOMAG ПРЕДНОСТ: РАБОТНОТО МЕСТО.
Кога инжинерите на BOMAG ја развиваа кабината на овие ваљаци за земја, ги имаа на ум потребите на ракувачите. Резултатот: оптимални услови за прецизна и брза работа на градилиште.
Кабината има простран дизајн со одлична видливост на сите страни. Кога се работи подолго време, ергономското седење овозможува возење без напор. Управувачкиот волан е прилагодлив за секој ракувач, а Визуелниот асистент на правецот овозможува лесно и прецизно набивање покрај креавите.


2. BOMAG ПРЕДНОСТ: РАБОТНИОТ КОНЦЕПТ.
Управување без напор за прецизна работа.
Софистицираната технологија не мора да биде комплицирана, ова е одлика која BOMAG машините ја потврдуваат години и години, а најновата генерација ваљаци за земја (тампон) не се исклучок. BOMAG осигурува дека возачот со леснотија ќе има се под контрола! Без хиероглифи, без конфузија, без сложувалки: работниот концепт е само-објасноувачки со јасно поставени контроли. Јасните симболи ја идентификуваат функцијата и даваат брза информација за сите важни сигнали на машината.

Дополнителниот систем TERRAMETER, развиен од BOMAG, го подржува возачот на многу важен начин. Системот ја покражува набивната вредност дигитално во форма на графикон, и укажува за крај на набивањето. Ова помага за избегнување на непотребни поминувања, што заштедува време и ја зголемува рентабилноста.


3. BOMAG ПРЕДНОСТ: НАЈНОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА МОТОРИ.
Можете да заштедите на паметен начин.

Кумулативната сила на BOMAG-овата иновација може да биде најдена во секој мотор. Најновата Tier 4 final генерација,  ги задоволува и највисоките регулативи на емисија на гасови. Паметниот ECOMODE систем на контрола на моторот, не само што заштедува до 30% од горивото, туку и произведува помала бука. Со дополнителниот ЕCOSTOP, моторот автоматски се гаси по ордеден период на работа во место (лер). Ова исто така заштедува гориво и помало абење на деловите на моторот.

 

4. BOMAG ПРЕДНОСТ: СТЕПЕН НА ИСКАЧУВАЊЕ.
Без неуспеси на косини.

Сигурноста е број 1 приоритет, а токму тоа BOMAG ваљаците го демонстрираат на големи косини. Осигуруваат контакт со подлогата дури и на екстремно нерамни површини и се вистински мајстори на искачувањето. Стандардната D-верзија веќе има процент на искачување дo 53%. На овој модел, мануелна контрола на пролизгувањето овозможува специфично прилагодување на условите на подлогата. Задните осовини се опремени со “ No-Spin” диференцијал со автоматска блокажа од 100%. Ова значи континуирано возење напред, дури и ако едното тркало е во воздух. Системот на двојна пумпа кај H-верзијата, го претвара моќта на моторот во тракција. Дури и косини од над 60% не се проблем.

5. BOMAG ПРЕДНОСТ: ЛЕСЕН СЕРВИС.
Паметниот дизајн значи лесно одржување.

BOMAG-овиот сервисен концепт има јасна цел: помалку одржување, помалку застанувања и пониски трошоци. Во дизајнерски жаргон: елиминирање на непотребните сервисни точки и правејќи ги важните попристапни. На пример, ниту еден BOMAG ваљак нема точки за подмачкување. Проверката на масло, филтрите, местата за полнење и празнење се лесно достапни од земја. Гумените буфери на бандажот, можат да се заменат без вадење на рамката. Лесен Сервис е повеќе од само слоган, тоа е резултат на паметна технологија – важен дел од пристапот на BOMAG при дизјанот.


  

6. ВКУПНИ ТРОШОЦИ НА СОПСТВЕНОСТ (TCO).
Тежини до 28 t – Но не се тешки на трошоци.

Или поедноставно: има 4 фактори кои помагаат за намалување на трошоците.

а) Иновативна технологија. Последната генерација мотори и погонската технологија овозможуваат ефикасни перформанси и заштеда на гориво.

б) Концептот на одржување. Подолги сервисни интервали и без подмачкување, значи помалку одржување, помалку застој – бидејќи времето е пари.

в) Едноставен работен концепт. Јасните команди и дизајн на кабината значи без скапи тренинзи.

г) Технологијата и системите на мерење, кои исто така придонесуваат за оптимизирање на работните процедури.

 

ПРЕГЛЕД НА МОДЕЛИ:

 

Повеќе информации...

НОВ BOMAG ПНЕВМАТСКИ ВАЉАК BW 28 RH

FIMACO

 

Фирмата BOMAG од Германија, веќе 60 години развива и произведува машини за набивање. Нивната цел е континуиран развој и секоја нова генерација на машини да биде подобра и поефикасна од претходната. Ова беше повтороно остварено со новиот пневматски ваљак BW 28 RH. Без разлика дали се работи за флексибилниот балласт (менување на тежината), ергономската кабина или продуктивноста – иновациите се протегаат на секое поле, овозможувајќи ваљакот BW 28 RH да биде идеален за секое барање при изградбата на патишта.

Подобрувања и понатамошен развој е секогаш возможен, без разлика колку е добар оригиналниот производ. Пневматскиот ваљак BW 28 RH е најдобар доказ за тоа, бидејќи претставува понатамошна оптимизација на веќе докажаните и ефикасни BOMAG пневматски ваљаци. На пример, беше направен секаков обид да се постигне поголем квалитет во набивањето, што бара оптимален преглед на работната површина на ваљакот. За да го оствари ова, BOMAG направи екскурзија во животинското царство и го позајми карактеристичниот изглед на Ајкулата-Чекан, за дизајнот на шасијата. Предниот дел на ваљакот BW 28 RH е моделиран да изгледа како главата на ајкулата чекан и за прв пат овозможува возачот да има целосен и непречен преглед на површината на пневматиците. Со тоа, возачот директно може да види дали пневматиците се влажни за да не се лепи битумен на нив.

 

Новиот пневматски ваљак BW 28 RH нуди комфорт и оптимална ергономија за возачот во сите услови. Непречениот преглед на работната површина не значи само зголемен комфорт за возачот, тоа исто така значи значително зголемување на работната ефикасност, бидејќи е можно да се работи многу поблиску и попрецизно покрај краевите на асфалтот или споевите. Како додаток е вратата која обратно се отвара и помага при прегледот во сите правци.

Покрај добриот преглед кој го овозможува, флексибилноста исто така игра голема улога. Ваљакот BW 28 RH поставува нови стандарди во овој поглед и се претставува како сестран играч на секое градилиште. Различните опции за баласт (додавање тежина) понудени кај овој пневматски ваљак се клучен фактор

Сето тоа е овозможено преку градација на работната тежина од 8.6 до 28 тони, и може да биде прилагодена брзо и едноставно во зависност од барањата, со челични или бетонски плочи, кои лесно се лизгаат внатре и надвор од ваљакот. Како додаток, баласт со капацитет од 3 m³ може да се користи за баластирање по желба. Со менување на работната тежина, возможно е на пример ваљакот прво да го набива носечкиот асфалтен слој, па потоа горниот слој, или да работи на градилишта со различни апликации – се’ со само една машина. Ваљакот BW 28 RH може да биде прилагоден брзо и лесно во зависност од работните локални услови.

 

Иновативниот дизајн на шасијата – моделиран по изгледот на главата на Ајкулата-Чекан, за прв пат овозможува непречен преглед на површината на пневматиците.

Но овој пневматски ваљак не е извонреден само во технички термини, тој е исто така e одличен и од аспект на комфорт, лесна управливост и импресивни иновации. Возачот ужива комфорт и оптимална ергономија во сите услови, со што работата станува попријатна и истовремено попродуктивна.

Кабината сама по себе овозможува доволно слобода на движење и место за складирање, како и моќен вентилациски систем. Поради целосно запечатениот под, кабината овозможува добра звучна изолација. Друга карактеристика е варијабилното поместување на седиштето, кое практично “лебди” во кабината без никаков напор. Со тоа што седиштето слободно ротира во насока на управувачкиот столб, возачот може да комотно да си ја прилагоди позицијата на седење за време на подолг работен ден. Редизајнираната педала за кочница, ја опфаќа целата ширина на работната платформа, правејќи ја директно и сигурно достапна во секое време.

 

Без разлика дали се работи за автопатишта, рурални или урбани патишта, аеродромски писти или паркинзи – поради својот високо специјализиран дизајн, ваљакот BW 28 RH е идеален за сите барања во изградбата на патишта, и може брзо и флексибилно да реагира при промена на условите. Пневматскиот ваљак BW 28 RH нуди високо економични резултати при земјени работи, асфалтирање, набивање на стабилизирани земјени подлоги и поправки на површината и уште еднаш ја демонстрира ефикасноста и ефективноста на BOMAG машините.

Повеќе технички податоци...

ФИНИШЕРИ со BOMAG ДНК

FIMACO

Изградбата на патишта е комплексна задача. Затоа секој BOMAG финишер е систематски дизајниран за ефикасност – без разлика на класата или верзијата на гасеници или тркала. Ова се однесува и на пониската потрошувачка на гориво, како и на брзата работна спремност и одличната пред-набиеност. Развиен и оптимизиран од инженери, кои црпат искуство од преку 50 години, особено во поглед на ефикасната изградба на патишта. Секоја машина излегува од фабрика со највисоко можно ниво на доверливост. Уште една причина, зошто избирајќи го BOMAG oсигурува инвестиција која се исплаќа на долг рок.


ШТО ГИ ПРАВИ BOMAG ФИНИШЕРИТЕ УНИКАТНИ:

  1. MAGMALIFE® Греење преку алуминиумски плочи.
    Високите температури се апсолутно критични при асфалтирањето, a брзината на греење не е прашање на магија, туку како резултат на креативен инженеринг насочен кон крајниот корисник. Magmalife системот на BOMAG го редефинира греењето на даските, со 3 пати побрзо загревање од конвенционалните системи.
    Сите греачи се залиени во алуминиумска блок плоча. Благодарејќи на одличната спроводливост на алуминиумот, времето за загревање на плочите е значително пократко, така што финишерот и екипата се спремни за работа побрзо.
    Период на греење и еднаква дистрибуција на топлината за само 20 минути.
    Зголемена заштита од корозија
    Мин. 2 години гаранција на алуминиумските плочи за греење
    Едноставна интуитивна работа
    Намалување на трошоците за работа   


  1. ПРОДОЛЖЕТОЦИ СО БРЗИ СПОЈКИ
    Брзо, едноставно, совршено: тоа претставува системот на брзи спојки на BOMAG. Паметен брз приклучок на даската, кој овозможува продолжетоците да се поврзат без комплицирани зашрафувања. Резултат: пократко време за припрема и значително намалување на трошоците.
    “Закачување” на продолжетоците со водилки
    Користење на лизгачки спојки
    Не е потребна латерална потпора
    Најдобра можна флексибилност за сите должини на поставување
  2.    

 

  1. BOMAG ECOMODE® – Систем за заштеда гориво.
    Со ECOMODE Системот, BOMAG го нуди најекономичниот финишер на пазарот. Со активниот менаџмент систем на работа на моторот и хидрауликата се заштедува до 20% гориво и значително се намалува буката, како и негативниот ефект врз околината.
    Контролираните брзини на моторот, заштедуваат гориво и обезбедуваат потивка работна атмосфера
    Хидраулика контролирана према барањата. Точна моќност кога е потребна.
    Хидраулично контролирани перки, кои дополнително ја намалуваат потрошувачката и буката.      


 

  1. НАЈДОЛГИ И НАЈТЕШКИ ДАСКИ НА ПАЗАРОТ.
    BOMAG финишерите се одликуваат со најтешките даските на пазарот (3900 и 4200 кг.), како и со најдолги плочи кои го рамнат асфалтот со должина од 400 мм. Искуството на BOMAG во технологијата на набивање, овозможи даските на финишерите да се карактеризираат со:
    Пред-Набиеност на поставениот асфалт до скоро 95% (со само 1 тампер и вибрација). Не се потребни дополнителни 2 или 3 тампери, како и шипки за притисок, кој ги нудат конкурентите).
    Подобра рамност, поради долгите плочи и тежината.
    L.C.S. системот, не дозволува пропаѓање на даската или нерамност при чести застанувања.   


 

  1. BOMAG SIDEVIEW SYSTEM® – Одличен преглед на сите страни.
    Патентираниот SideView систем на BOMAG, ја опфаќа целата работна конзола и седиштето во една варијабилна прилагодлива единица. Целата контролна кабина се поместува латерално лево или десно до макс. 60 см. Со тоа, возачот се фокусира на најважните работи: оптимален преглед на краевите, бункерот, полжавите и даската.
    Сите функции се достапни пред работникот, логично и ергономски наредени, без губење многу време за обукa.   


Ноќен градежен проект

FIMACO

 

Финишерот BOMAG BF 800 C покажа импресивни перформанси на реконструкцијата на аеродромската писта во Нирнберг. Навечер со импресивно осветлување, подлогата беше подновена во должина од 2.8 km и ширина од 15 m. Целата работа беше изведена од 23:00 ч. до 07:00ч. изутрина, во три викенди помеѓу крајот на Април и почетокот на Јули. За овој проект изведувачот, високоценетата градежна фирма “W. Markgraf GmbH & Co KG” од Bayreuth, користеше 2 х BF 800 C финишери со S500 даска до 8 m. За набивањето, беа користени тандем ваљаците BW 100 AC и BW 154 AP со ASPHALT MANAGER.

 

23:00 ч.: Аеродромот во Нирнберг е важно пристаниште за воздушниот сообраќај кон и од Југот на Германија. Исто така, е и еден од ретките аеродроми без забрана за ноќни летови. Вкупната должина на пистата е 2.8 km. Од Јули 2009 пистата е обновена и ширината е проширена од 45 на 60 m. Тоа значеше дека постоечката површина мора да биде обновена, како и да се прошират рабовите, вклучувајќи ги инсталациите за кабли и светлата за слетување. За да се намалат ефектите од воздушниот сообраќај што е можно повеќе, аеродромот беше целосно затворен за сообраќај на 6 викенди помеѓу 23:00 ч. вечерта до 07:00 ч. наутро.

01:00 ч.: Откако бетонските подлоги на пистата беа извадени, започна поставувањето на асфалт со ниска температура. Споредувајќи го со другите типови на асфалт, овој асфалт, може да биде мешан и поставен со многу пониска температура. Адитиви во форма на восок или зеолит се додаваат во стандардната асфалтна мешавина, што овозможува да биде мешан и поставен без притоа да се прави компромис во производството и перформансите. По поставувањето, на асфалтот може да се вози со температура од 70°C и за проектот во Нирнберг тоа беше најдобро решение за да се обезбеди брзо пуштање на сообраќајот.

Овој метод, кој е брз и економичен за аеродромот, пак прави голем временски притисок кон изведувачот. За време на ноќта, фирмата Markgraf имаше само 6 часа додека сообраќајот беше стопиран, да постави нов слој, да чека да се олади и да го предаде на аеродромските власти спремен за сообраќај. Секое доцнење беше исклучено од старт, бидејќи доцно примопредавање ќе значеше високи пенали. “Спецификациите за овој проект, беа нормално, многу високи”, се сеќава проект менаџерот Andreas Völkl. Обновување на писта е тежок проект. Мора да биде прецизно испланиран и се мора да функционира совршено. Нормално нашата цел е секогаш да завршиме перфектна работа, но овде немавме никаков простор за грешка. Авионите мораа да слетаат сигурно на пистата повторно.”

02:00 ч.: Изненадувачки, и покрај големиот временски притисок, можеше да се почувствува релаксирана атмосфера на аеродромот – несвојствено за вакви проекти. Причината беше – покрај искусниот тим кој работи заедно во хармонија – финишер на кој можеа да се потпрат. Благодарејќи на големите нивелирачки плочи, направени од високо отпорен челик и оптималната дистрибуција на тежина, високо-перформансните даски на двата BOMAG BF 800 C финишера, создадоа униформна површина и рамност –  без бранови и пукнатини. На овој проект, исто така, финишерите обезбедија високо ниво на сигурност, коe беше виталнo сметајќи го временските рамки и притисок. Клучна карактеристика во тоа беше MAGMALIFE системот за греење на даските. Електрично греење каде грејните елементи се алуминиумски излеани плочи, кои се многу издржливи и подеднакво ја распоредуваат топлината. “Дистрибуцијата на топлина е многу добра. Плочите се загреваат брзо – што беше важно за да немаме доцнења”, беше заклучокот на Andreas Völkl. Придонес кој и помогна на фирмата од Bayreuth да ги оствари високите критериуми за квалитет и краткиот временски распоред.

03:00 ч.: Како часовник, основниот слој, биндерот и површинските слоеви беа поставувани со брзина од 5 m. во минута. Важно за работниците на ноќната смена: финишерот BF 800 C е мошне тивок и се управува лесно и интуитивно. Без стресни работници и активности и без доцнења во Нирнберг. За време на проектот, проект менаџерот Andreas Völkl, секогаш ја имаше на ум температурата на асфалтот која се бараше од аеродромските власти. Таа не смееше да надмине 70°C “Ни беше потребна апсолутна сигурност за овој проект и благодарејќи на двата BF 800 C финишера и натамношното набивање на асфалтот со двата тандем ваљака, се помина без застој”, заклучи Völkl.

07:00 ч.: Во точно 07:00 ч. утрото, контрола на квалитетот беше извршена од градежните инспектори за сигурност од аеродромот во Нирнберг. Благодарејќи на BOMAG финишерите, Andreas Völkl знаеше што ќе покажат тестовите на инспекторите: нивоата на набиеност, квалитетот и рамноста беа сите по спефицикација. Неколку минути подоцна, Völkl заврши добра ноќна работа: “Во 07:30ч. ги гледате првите патници на аеродромот, кои се упатуваат на својот летен одмор, без идеа што ние направивме за време на ноќта. И се чувстувате задоволен од својата работа.”