Изведувачот Max Bögl и BOMAG соработуваат заедно на голем инфраструктурен проект во Германија со практичен тест на новиот Хибриден Ваљак BW 174 (Asphalt Manager) и BOMAP системот. Кога проектот ќе биде завршен во 2021, вкупно 300.000 m² асфалт ќе бидат поставени на клучката Fürth / Erlangen близу Nuremburg. За овој проект, 2.4 km од делницата [...]

Изведувачот Max Bögl и BOMAG соработуваат заедно на голем инфраструктурен проект во Германија со практичен тест на новиот Хибриден Ваљак BW 174 (Asphalt Manager) и BOMAP системот.

Кога проектот ќе биде завршен во 2021, вкупно 300.000 m² асфалт ќе бидат поставени на клучката Fürth / Erlangen близу Nuremburg. За овој проект, 2.4 km од делницата A3 се асфалтираат со порозен асфалт и 2.3 km од делницата A73 со ЅМА со ниска бучавост. Ова е еден од најголемите сообраќајни проекти во Германија и изведувачот Max Bögl, се определи за најновата технологија на набивање од BOMAG.

Max Bögl за овој проект се одлучи да тестира 2 иновации од BOMAG, со цел да го зголеми квалитетот и ефикасноста. Едната е Пивот тандем ваљакот BW 174 AP Hybrid со Асфалт Менаџер, а втората е системот BOMAP. Ваљакот  BW 174 AP AM Hybrid е наменет за намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на гасови, исто така и да ја зголеми ефикасноста.

Хибридниот погон кај моделите BW 174 AP Hybrid, ги прави машините потивки и поекономични. Во прилог, интегрираниот хидрауличен акумулатор овозможува складирање на моќноста за кога ќе биде потребна максимална сила. Има капацитет да генерира до 100 Nm и 20 kW дополнителна моќност, што одговара на вкупна моќност од 75 kW, исто како и стандардните модели во оваа класа. Додека работи во место, хидрауличниот акумулатор се полни без потреба на надворешна енергија. Комбинацијата на оптимизиран дизел мотор, хидрауличен акумулатор и автоматскиот систем за набивање (Асфалт Менаџер), како и BOMAP уредот, го прави овој Ваљак високо ефикасна солуција.

BOMAP системот е развиен од BOMAG за поддршка на возачите на ваљакот. Оваа бесплатна апликација може да биде инсталирана на мобилен телефон или таблет и ги прикажува во реално време позицијата и движењето на машината, како и местата кои се набиени и кои треба да се набиваат. Со тоа, ракувачите можат подобро да управуваат со времето, квалитетот на изведбата, како и да ја намалат потрошувачката на гориво, а се со цел оптимизација на работата.

За овој тест, хибридниот ваљак беше опремен со надворешен GPS приемник, за да добива информации за точните движења на машината. Посебен GPS приемник беше позициониран на покривот од кабината и потоа поврзан преку Вluetooth со РС таблет. За директна споредба, втор PC таблет беше инсталиран во ваљакот за позиционирање преку GPS приемникот вграден во самиот таблет. Овој метод на поврзување беше применет и на уште 3 други тандем ваљаци.

Практичниот тест беше направен во нормални услови при вечерно афалтирање. Околу 3,000 тони долен слој беше асфалтиран и набиен. За време на првите неколку часови од тестирањето, резултатите од мерењата беа константно пратени.

Хибридниот ваљак со надворешен GPS приемник беше прикажан со прецизност од околу 150 mm. Позицијата пак преку GPS приемникот од таблетот, покажуваше отстапувања од 2-3 m, прикажувајќи само груба ориентација на ваљакот.

Визеулизацијата на работниот прогрес, во комбинација со позицијата на ваљакот, им беше од огромна помош на ракувачите, особено што при вечерно асфалтирање, прецизноста и прегледноста се далеку потешки.

Користење на Андроид таблет со СИМ картичка и инсталирана BOMAP апликација се доволни за поврзано градилиште. За да биде уште полесно и потранспарентно за сите инволвирани лица во градежниот процес, а и да овозможи посигурна документација, BOMAG лансира и “cloud” решение за складирање на податоците. Ова овозможува интеграција во реално време со финишерот кој ќе ја испрати својата позиција и насока на движење до ваљаците и температурата на асфалтот. Како резултат на тоа, сите ракувачи на машини во поврзаното градилиште, ќе имаат преглед на комплетниот проект и моменталната фаза. Никаков дополнителен скап хардвер или софтвер не е потребен.