Machinery Trading Company (Since 1994)

Нов член во MARINI семејството


Новата генерација Marini aсфалтни бази е дизaјнирана да ги комбинира традиционалните карактеристики на перформанси и технологија, со нови високи нивоа на леснотија при работата и одржувањето, притоа задржувајќи ја едноставноста.

Целосно нов концепт на дизајн

Најновиот член на фамилијата Marini, е серија од асфалтни бази со капацитет до 200 т/час, и е нов додаток во споредба со веќе широкo познатите Top Tower бази (преку 200 т/час).
Во новата BE Tower база може да се најдат многу од решенијата кои доведоа до успех на Top Tower и eTower базите, особено ефикасната компактна сушара-филтер кула, која гарантира значителна заштеда на енергија, презентирана во новиот излгед со цел понатамошни подобрувања во управувањето на базите и намалување на просторот за монтажа.

Клучен збор: Суштина

Едноставна и неопходна: Идеална асфалтна база за клиенти на кои им е потребно производство на асфалт и поставување на истиот за најкратко можно време, без разлика на далечината до местото на испорака.
Модуларнот дизајн, дури и во основната верзија, ги овозможува сите потребни основи за управување и производство на асфалтни мешавини. Одлична за клиенти кои бараат најмодерна база без да ја изгубат сигурноста и предностите на традиционалните асфалтни бази.

Ефикасен транспорт и Ултра брза монтажа

BE Tower базата го нагласува концептот на преносливост со своите контејнерски модули, што го прават транспортот брз, лесен и економичен – и исто така посигурен. Сите делови/компоненти се заштитени од атмосферски влијанија, случајно оштетување и кражба.
Друг клучен фактор на оваа асфалтна база е брзата монтажа и спремност за работа, со значителни намалувања на трошоците за производителот, благодарејќи на пре-каблирањето на електриката за секој поединечен модул и филтерот поставен над сушарата, ги нуди следните предности:

  • Намалување на бараниот простор за монтажа (до 40% помалку простор споредбено со традиционалните бази каде сушарата, филтерот и филерот се поставени на земја)
  • Полжавестите транспортери се поставени над земјата
  • Цевките за издувни гасови: кратки и интегрирани во модулите
  • Метални носачи (ногарки): за да се скратат трошоците за градежните работи.
Екстремна флексибилност и лесно одржување

Оваа лесно управлива база има удобен простор за прецизно, брзо и сигурно одржување, проверка и сервис.
Создадена за да го намали потребното време за обука на ракувачите, базата е лесна за употреба и деноноќно работлива. Создадена е со грижа и произведена со високо квалитетни, издржливи материјали за константни работни режими.

Опции и сетови за комплетирање на барањата

Во секое време, без разлика кога ќе се појави потреба, базата е спремна за дополнително вградување на опрема и компоненти, како што е RAP системот за производство на рециклиран асфалт (директно во миксерот до 40% или во Сушарата до 20%), или сетот за производство на Топол Асфалт – WMA (помеѓу 100°C и 130°C), и уште многу други опции.
Базата може да биде опремeна со Силоси за Готов Асфалт директно под мешалката (миксерот) или покрај неа во посебен силос.
Контролната кабина е опремена со високо квалитетни, издржливи компоненти, како што е индустрискиот компјутер кој може да работи под секакви температури, и е заштитен од прашина. Софтверот е целосно сигурен и веќе добро тестиран и докажан (Cybertronic 500), кој може да биде модифициран и ажуриран брзо и ефтино. Како и можноста за директна конекција од асфалтната база до сервис базата од фабриката на MARINI во Италија.

Зошто новата BE Tower е базата за Вас

BE Tower базата е дизјанирана од Marini да гаранитара солидни нон-стоп перформанси, и во исто време да понуди збир на најнова технологија и иновација каде одржувањето на истата е лесно за ракувачите.
Без да се спомне, базата нуди одлична пазарна вредност, поради своите ниски вкупни трошоци за сопственост, конкурентната продажна цена и малиот трошок за транспорт, монтажа и одржување. Високо квалитетна, гарантирана MARINI база, која нуди сигурна и профитабилна инвестиција.


Повеќе информации на:


About FIMACO

%d bloggers like this: