Month: јануари 2021

Month: м.г

KAESER MobilAir M59: Иновативност во класата од 5 m3

Нова лесна шасија со PE поклопец и крилни врати, нов мотор кој ги задоволува најстрогите EУ Регулативи (Stage V), широк избор на опции, како пост-третман на воздухот и генератори за симултано снабдување со електрична енергија: Новиот KAESER Mobilair M59 Мобилен Компресор ги има сите. Благодарејќи и на новата “pV контрола", може да се задоволи и избере голем опсег на притисоци со само еден систем/еден компресор.

Покрај стандардната верзија од 10 бари, изведувачите кои бараат поголема флексибилност, можат да изберат верзија опремена со подесување на притисокот помеѓу 6 и 14 бари. Со “pV контролата", користена кај поголемите Mobilair модели, континуираното подесување на притисокот (p) директно влијае на максималниот проток (V). Благодарејќи на овој флексибилен контролен систем, еднакво е можно да се ракува со пикамер со макс. притисок од 7 бари и да се пескари со притисок на 10 бари. Исто така, предност е и дополнувањето на потенцијалните загуби на притисок, при работење со подолги воздушни црева.

При најниското подесување на притисокот, M59 може да осигура проток на воздухот до 5.5 m³/min. Подесувањето на притисокот со проверениот “Sigma Control Smart" контролерот е лесно и едноставно –  како и самото стартување на системот.

Моделот M59 е напојуван од Hatz мотор кој ги задоволува и најстрогите ЕУ 5 Регулативи за емисија на гасови. Како надополнување, Европскиот модел на M59 е исто така достапен и со лесна верзија под 750 kg, дозволувајќи влечната шасија да нема сервисна кочница. Со тоа возачот нема потреба од специјална дозвола за приколка и може да се користи помало возило. А кога компресорот ќе се истовари на градилиште, откачувањето е лесно и едноставно.

За да се искомпензира дополнителната тежина поради системот за третман на гасови, големиот резервоар за гориво, плус опциониот афтеркулер, Kaeser прифати нов пристап кон лесната конструкција. Вградениот Алуминиум нуди тежински заштеди споредувајќи се со полиетиленските поклопци – без загуба на робустноста и долготрајна вредност на производот.

Нормално, моделот M59 е исто така достапен и со шасија опремена со сервисна кочница. Ова најчесто се користи, кога ракувачот има избрано дополнителен генератор или систем за пост-третман на воздухо, со комбинација на филтер за безмаслен воздух. Изборот на генератори за струја кај М59 се од 8.5 или 13 kVA моќност, трансформирајќи го компресорот во мобилен извор на електрична енергија на градилиштата. Во овој случај “pV контролата" ja игра својата улога — во зависност од подесениот максимален притисок и потрошувачката на електрична енергија, контролата осигурува максимален можен проток на компресиран воздух и електрична струја симултано.

За прв пат, заштитата од бука е овозможена со крилни врати, направени од Полиетиленски рото-калап. Овие 2 големи врати овозможуваат одличен пристап до сите сервисни места и делови.

Оригинален извор: https://www.kaeser.com/int-en/company/press/press-releases/c-m59.aspx

Тестирање на напредна технологија за набивање

Изведувачот Max Bögl и BOMAG соработуваат заедно на голем инфраструктурен проект во Германија со практичен тест на новиот Хибриден Ваљак BW 174 (Asphalt Manager) и BOMAP системот.

Кога проектот ќе биде завршен во 2021, вкупно 300.000 m² асфалт ќе бидат поставени на клучката Fürth / Erlangen близу Nuremburg. За овој проект, 2.4 km од делницата A3 се асфалтираат со порозен асфалт и 2.3 km од делницата A73 со ЅМА со ниска бучавост. Ова е еден од најголемите сообраќајни проекти во Германија и изведувачот Max Bögl, се определи за најновата технологија на набивање од BOMAG […]

Max Bögl за овој проект се одлучи да тестира 2 иновации од BOMAG, со цел да го зголеми квалитетот и ефикасноста. Едната е Пивот тандем ваљакот BW 174 AP Hybrid со Асфалт Менаџер, а втората е системот BOMAP. Ваљакот  BW 174 AP AM Hybrid е наменет за намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на гасови, исто така и да ја зголеми ефикасноста.

Хибридниот погон кај моделите BW 174 AP Hybrid, ги прави машините потивки и поекономични. Во прилог, интегрираниот хидрауличен акумулатор овозможува складирање на моќноста за кога ќе биде потребна максимална сила. Има капацитет да генерира до 100 Nm и 20 kW дополнителна моќност, што одговара на вкупна моќност од 75 kW, исто како и стандардните модели во оваа класа. Додека работи во место, хидрауличниот акумулатор се полни без потреба на надворешна енергија. Комбинацијата на оптимизиран дизел мотор, хидрауличен акумулатор и автоматскиот систем за набивање (Асфалт Менаџер), како и BOMAP уредот, го прави овој Ваљак високо ефикасна солуција.

BOMAP системот е развиен од BOMAG за поддршка на возачите на ваљакот. Оваа бесплатна апликација може да биде инсталирана на мобилен телефон или таблет и ги прикажува во реално време позицијата и движењето на машината, како и местата кои се набиени и кои треба да се набиваат. Со тоа, ракувачите можат подобро да управуваат со времето, квалитетот на изведбата, како и да ја намалат потрошувачката на гориво, а се со цел оптимизација на работата.

 

За овој тест, хибридниот ваљак беше опремен со надворешен GPS приемник, за да добива информации за точните движења на машината. Посебен GPS приемник беше позициониран на покривот од кабината и потоа поврзан преку Вluetooth со РС таблет. За директна споредба, втор PC таблет беше инсталиран во ваљакот за позиционирање преку GPS приемникот вграден во самиот таблет. Овој метод на поврзување беше применет и на уште 3 други тандем ваљаци.

Практичниот тест беше направен во нормални услови при вечерно афалтирање. Околу 3,000 тони долен слој беше асфалтиран и набиен. За време на првите неколку часови од тестирањето, резултатите од мерењата беа константно пратени.

Хибридниот ваљак со надворешен GPS приемник беше прикажан со прецизност од околу 150 mm. Позицијата пак преку GPS приемникот од таблетот, покажуваше отстапувања од 2-3 m, прикажувајќи само груба ориентација на ваљакот.

Визеулизацијата на работниот прогрес, во комбинација со позицијата на ваљакот, им беше од огромна помош на ракувачите, особено што при вечерно асфалтирање, прецизноста и прегледноста се далеку потешки.

Користење на Андроид таблет со СИМ картичка и инсталирана BOMAP апликација се доволни за поврзано градилиште. За да биде уште полесно и потранспарентно за сите инволвирани лица во градежниот процес, а и да овозможи посигурна документација, BOMAG лансира и “cloud” решение за складирање на податоците. Ова овозможува интеграција во реално време со финишерот кој ќе ја испрати својата позиција и насока на движење до ваљаците и температурата на асфалтот. Како резултат на тоа, сите ракувачи на машини во поврзаното градилиште, ќе имаат преглед на комплетниот проект и моменталната фаза. Никаков дополнителен скап хардвер или софтвер не е потребен.

Постојан напредок BOMAG BW 28

Фирмата BOMAG од Германија, веќе 60 години развива и произведува машини за набивање. Нивната цел е континуиран развој и секоја нова генерација на машини да биде подобра и поефикасна од претходната. Ова беше повтороно остварено со новиот пневматски ваљак BW 28 RH. Без разлика дали се работи за флексибилниот балласт (менување на тежината), ергономската кабина [...]

BOMAG BF 200: Најкомпактниот финишер

Како најмал од сите компактни финишери, со минимална ширина на асфалтирање од само 1,10 m, освојува нови области за примена во градската и урбаната изградба на патишта и улици (пример: асфалтирање помеѓу трамвајски или железнички линии. Уникатниот 2-платформски концепт, исто така, го прави идеален за употреба во многу ограничени области како што се пешачки метроа и тесни коридори.

BOMAG го разви моделот BF 200 за да ги задоволи потребите за изградба на патишта во градските центри. Неговата променлива ширина на асфалтирање и двете различни висини на работната платформа, овозможуваат флексибилно прилагодување кон урбаните услови.
Ширината на асфалтирање започнува од 1,10 метри и може да се прошири постепено до ширина од 3,40 метри, за многу кратко време, благодарејќи на докажаниот Quick Coupling систем за брзо спојување на  продолжетоците. Исто така, благодарение на ефикасната технологија Мagmalife, загревањето на даската е брзо и рамномерно. Сето ова, овозможува финишерот BF 200 да постигне максимален капацитет на асфалтирање од 200 t/h. Машината исто така, може да се транспортира заедно со прикачените продолжетоци.

Уникатната карактеристика на BF 200 е неговата минимална ширина на асфалтирање од 1,10 метри. За прв пат, ова овозможува асфалтирање помеѓу железнички или трамвајски пруги со финишер. Новиот мини финишер на BOMAG успешно се справува и со другите вообичаени сценарија во урбаното асфалтирање, значително подобрувајќи го квалитетот на асфалтот во градот – особено во области кои претходно можеа да бидат “асфалтирани” само рачно.

Kubota моторoт од 55 kW обезбедува доволна моќност и истиот веќе го исполнува Европскиот стандард за емисија на гасови – Ниво 5 (Stage V). Ова ја прави машината ефикасна во однос на потрошувачката и во исто време иновативна инвестиција, бидејќи усогласеноста со стадиумот V значи дека веќе ги исполнува стандардите за емисии што се бараат во 2020 и понатака.

BF 200 се одликува и со практичниот BOMAG ECOMODE систем за намалена потрошувачка. Активното управување со моторот автоматски ја прилагодува брзината на моторот и обезбедува моќност кога е потребно. Друга предност не е само намалената потрошувачка на гориво и емисијата, туку и пониското ниво на бучава, особено во урбаните средини.

Прегледност и Ергономија.

Новиот и уникатен дизајн на платформата со 2 нивоа му овозможува на операторот да избере помеѓу две позиции со различни височини. Повисоката платформа обезбедува одличен целосен поглед врз бункерот и останатите делови, додека долната платформа  му дозволува на операторот удобно да стои исправено и заштитено во урбаните средини, дури и кога работи во затворен и тесен простор.

Работникот има целосен преглед на двете страни благодарение на двaта контролни џојстици лево и десно. Ова значи дека финишерот BF 200 може да се контролира ергономски и прецизно од лево и од десно, во зависност од тоа на која страна треба да се следат асфалтните ивици.

Море info…