
Како најмал од сите компактни финишери, со минимална ширина на асфалтирање од само 1,10 m, освојува нови области за примена во градската и урбаната изградба на патишта и улици (пример: асфалтирање помеѓу трамвајски или железнички линии. Уникатниот 2-платформски концепт, исто така, го прави идеален за употреба во многу ограничени области како што се пешачки метроа и тесни коридори
BOMAG го разви моделот BF 200 за да ги задоволи потребите за изградба на патишта во градските центри. Неговата променлива ширина на асфалтирање и двете различни висини на работната платформа, овозможуваат флексибилно прилагодување кон урбаните услови.
Ширината на асфалтирање започнува од 1,10m и може да се прошири постепено до ширина од 3,40m, за многу кратко време благодарејќи на докажаниот Quick Coupling систем со брзи спојки. Исто така, благодарение на ефикасната Magmalife технологија на греење на даската овозможува брзо и рамномерно загревање. Сето ова овозможува финишерот BF 200 да постигне максимален капацитет на поставување асфалт од 200 t/h. Машината исто така може да се транспортира во рамки на дозволеното и со прикачени продолжетоци.

Уникатната карактеристика на BF 200 е неговата минимална ширина на асфалтирање од 1,10m. За прв пат, ова овозможува асфалтирање помеѓу железнички или трамвајски пруги со финишер. Новиот мини финишер на BOMAG успешно се справува и со другите вообичаени сценарија во урбаното асфалтирање, значително подобрувајќи го квалитетот на асфалтот во градот – особено во области кои претходно можеа да бидат “асфалтирани” само рачно.
KUBOTA моторoт од 55 kW обезбедува доволна моќност и истиот веќе го исполнува Европскиот стандард за емисија на гасови – Ниво 5 (Stage V). Ова ја прави машината ефикасна во однос на потрошувачката и во исто време иновативна инвестиција, бидејќи усогласеноста со стадиумот V значи дека веќе ги исполнува стандардите за емисии што се бараат во 2020 и понатака.
BF 200 се одликува и со практичниот BOMAG ECOMODE систем за намалена потрошувачка. Активното управување со моторот автоматски ја прилагодува брзината на моторот и обезбедува моќност кога е потребно. Друга предност не е само намалената потрошувачка на гориво и емисијата, туку и пониското ниво на бучава, особено во урбаните средини.

Прегледност и Ергономија.
Новиот и уникатен дизајн на платформата со 2 нивоа му овозможува на операторот да избере помеѓу две позиции со различни височини. Повисоката платформа обезбедува одличен целосен поглед врз бункерот и останатите делови, додека долната платформа му дозволува на операторот удобно да стои исправено и заштитено во урбаните средини, дури и кога работи во затворен и тесен простор.
Работникот има целосен преглед на двете страни благодарение на двaта контролни џојстици лево и десно. Ова значи дека финишерот BF 200 може да се контролира ергономски и прецизно од лево и од десно, во зависност од тоа на која страна треба да се следат асфалтните ивици.
