Уникатната карактеристика на BF 200 е неговата минимална ширина на асфалтирање од 1,10m. За прв пат, ова овозможува асфалтирање помеѓу железнички или трамвајски пруги со финишер. Новиот мини финишер на BOMAG успешно се справува и со другите вообичаени сценарија во урбаното асфалтирање, значително подобрувајќи го квалитетот на асфалтот во градот – особено во области кои претходно можеа да бидат “асфалтирани” само рачно.
KUBOTA моторoт од 55 kW обезбедува доволна моќност и истиот веќе го исполнува Европскиот стандард за емисија на гасови – Ниво 5 (Stage V). Ова ја прави машината ефикасна во однос на потрошувачката и во исто време иновативна инвестиција, бидејќи усогласеноста со стадиумот V значи дека веќе ги исполнува стандардите за емисии што се бараат во 2020 и понатака.
BF 200 се одликува и со практичниот BOMAG ECOMODE систем за намалена потрошувачка. Активното управување со моторот автоматски ја прилагодува брзината на моторот и обезбедува моќност кога е потребно. Друга предност не е само намалената потрошувачка на гориво и емисијата, туку и пониското ниво на бучава, особено во урбаните средини.