fbpx

Нова лесна шасија со PE поклопец и крилни врати, нов мотор кој ги задоволува најстрогите EУ Регулативи (Stage V), широк избор на опции, како пост-третман на воздухот и генератори за симултано снабдување со електрична енергија:
Новиот KAESER Mobilair M59 Мобилен Компресор ги има сите. Благодарејќи и на новата “pV контрола", може да се задоволи и избере голем опсег на притисоци со само еден систем/еден компресор.

Покрај стандардната верзија од 10 бари, изведувачите кои бараат поголема флексибилност, можат да изберат верзија опремена со подесување на притисокот помеѓу 6 и 14 бари. Со “pV контролата", користена кај поголемите Mobilair модели, континуираното подесување на притисокот (p) директно влијае на максималниот проток (V). Благодарејќи на овој флексибилен контролен систем, еднакво е можно да се ракува со пикамер со макс. притисок од 7 бари и да се пескари со притисок на 10 бари. Исто така, предност е и дополнувањето на потенцијалните загуби на притисок, при работење со подолги воздушни црева.

При најниското подесување на притисокот, M59 може да осигура проток на воздухот до 5.5 m³/min. Подесувањето на притисокот со проверениот “Sigma Control Smart" контролерот е лесно и едноставно –  како и самото стартување на системот.

Еколошка едноставност

Моделот M59 е напојуван од Hatz мотор кој ги задоволува и најстрогите ЕУ 5 Регулативи за емисија на гасови. Како надополнување, Европскиот модел на M59 е достапен и со лесна шасија без сервисна кочница (под 750 kg). Со тоа возачот нема потреба од специјална дозвола за приколка и може да се користи помало возило. 

За да се искомпензира дополнителната тежина поради системот за третман на гасови, големиот резервоар за гориво, плус опциониот афтеркулер, Kaeser прифати нов пристап во конструкцијата. Вградениот Алуминиум нуди тежински заштеди споредувајќи го со полиетиленските поклопци – без загуба на робустноста и долготрајна вредност на компресорот.

Моделот M59 е исто така достапен и со шасија опремена со сервисна кочница. Ова најчесто се користи, кога ракувачот има избрано дополнителен генератор или систем за пост-третман на воздухот, со комбинација на филтер за безмаслен воздух. Изборот на генератори за струја кај М59 се од 8.5 или 13 kVA моќност, трансформирајќи го компресорот во мобилен извор на електрична енергија. Во овој случај “pV контролата" ja игра својата улога — во зависност од подесениот максимален притисок и потрошувачката на електрична енергија, контролата осигурува максимален можен проток на компресиран воздух и електрична струја симултано.

Оригинален извор: https://www.kaeser.com/int-en/company/press/press-releases/c-m59.aspx