Валјакот кој е знаменосец на BOMAG уште од 1957 година, добива комплетно нов изглед и перформанси и избор на 2 погонски мотори.

Професионалното набивање земја, е основа за се што следува во градежните процеси. Стабилноста значи квалитет, а квалитетот е исклучително важен уште од самиот почеток.
Еден од најпродаваните и најуспешни валјаци на BOMAG, моделот BW 65, конечно со комплетно нов редизајн и модерен изглед и многу практични новитети.  Со повеќе од 60 годишното искуство и иновативност, овие валјаци се докажан доверлив партнер за широка примена во градежништвото, како при изградба на тротоари, велосипедски патеки, влезови на гаражи, игралишта, спортски терени, земјоделски или шумски патишта, како и крпење дупки низ градски улици.

Практичен во секој поглед.

Без разлика каква задача е наменета за моделот BW 65, можете да бидете сигурни дека работата ќе биде поедноставна, посигурна и побрза. За првпат моделот BW 65 може да се избере со 2 типа на мотори: BW 65 – со Бензински HONDA GX390 (8,2 kW) и BW 65 D – со Дизел KOHLER KD15-440 (6,3 kW), со најниски емисии на издувни гасови во класата. Стандардното електрично палење овозможува брз старт, а малото меѓу-оскино растојание на бандажите ја прави машината лесна за вртење. Минималното странично отстапување овозможува прецизна и брза работа веднаш до рабови, ѕидови и др. странични препреки. Друга практична карактеристика е поставувањето на сите сервисни точки, лесно достапни за ракувачот, како и мерачот на работни часови. Системот за вибрација со избор на 2 амплитуди за набивање, овозможува флексибилност на различни површини за набивање, како тенки површински асфалтни слоеви (13 kN), или подебели  носечки слоеви (25 kN).