Фирмата BOMAG од Германија, веќе 60 години развива и произведува машини за набивање. Нивната цел е континуиран развој и секоја нова генерација на машини да биде подобра и поефикасна од претходната. Ова беше повтороно остварено со новиот пневматски ваљак BW 28 RH. Без разлика дали се работи за флексибилниот балласт (менување на тежината), ергономската кабина или продуктивноста – иновациите се протегаат на секое поле, овозможувајќи ваљакот BW 28 RH да биде идеален за секое барање при изградбата на патишта.

Покрај добриот преглед кој го овозможува, флексибилноста исто така игра голема улога. Ваљакот BW 28 RH поставува нови стандарди во овој поглед и се претставува како сестран играч на секое градилиште. Различните опции за баласт (додавање тежина) понудени кај овој пневматски ваљак се клучен фактор. Сето тоа е овозможено преку градација на работната тежина од 8.6 до 28 тони, и може да биде прилагодена брзо и едноставно во зависност од барањата, со челични или бетонски плочи, кои лесно се лизгаат внатре и надвор од ваљакот. Како додаток, баласт со капацитет од 3 m³ може да се користи за баластирање по желба. Со менување на работната тежина, возможно е на пример ваљакот прво да го набива носечкиот асфалтен слој, па потоа горниот слој, или да работи на градилишта со различни апликации – се’ со само една машина. Ваљакот BW 28 RH може да биде прилагоден брзо и лесно во зависност од работните локални услови.

Иновативниот дизајн на шасијата – моделиран према главата на Ајкулата-Чекан, за прв пат овозможува непречен преглед на површината на пневматиците.

Но овој пневматски ваљак не е извонреден само во технички термини, тој е исто така e одличен и од аспект на комфорт, лесна управливост и импресивни иновации. Возачот ужива комфорт и оптимална ергономија во сите услови, со што работата станува попријатна и истовремено попродуктивна.

Кабината сама по себе овозможува доволно слобода на движење и место за складирање, како и моќен вентилациски систем. Поради целосно запечатениот под, кабината овозможува добра звучна изолација. Друга карактеристика е варијабилното поместување на седиштето, кое практично “лебди” во кабината без никаков напор. Со тоа што седиштето слободно ротира во насока на управувачкиот столб, возачот може да комотно да си ја прилагоди позицијата на седење за време на подолг работен ден. Редизајнираната педала за кочница, ја опфаќа целата ширина на работната платформа, правејќи ја директно и сигурно достапна во секое време.

Без разлика дали се работи за автопатишта, рурални или урбани патишта, аеродромски писти или паркинзи – поради својот високо специјализиран дизајн, ваљакот BW 28 RH е идеален за сите барања во изградбата на патишта, и може брзо и флексибилно да реагира при промена на условите. Пневматскиот ваљак BW 28 RH нуди високо економични резултати при земјени работи, асфалтирање, набивање на стабилизирани земјени подлоги, агрегат и поправки на површината и уште еднаш ја демонстрира ефикасноста и ефективноста на BOMAG машините.