FIMACO Posts

Автор: FIMACO

BOMAG BW 65 – Најдобриот, стана уште подобар!

Валјакот кој е знаменосец на BOMAG уште од 1957 година, добива комплетно нов изглед и перформанси и избор на 2 погонски мотори. Професионалното набивање земја, е основа за се што следува во градежните процеси. Стабилноста значи квалитет, а квалитетот е исклучително важен уште од самиот почеток.Еден од најпродаваните и најуспешни валјаци на BOMAG, моделот BW […]

KAESER M59: Иновативност во класата од 5 m3

Нова лесна шасија со PE поклопец и крилни врати, нов мотор кој ги задоволува најстрогите EУ Регулативи (Stage V), широк избор на опции, како пост-третман на воздухот и генератори за симултано снабдување со електрична енергија:

Новиот KAESER Mobilair M59 Мобилен Компресор ги има сите. Благодарејќи и на новата “pV контрола“, може да се задоволи и избере голем опсег на притисоци со само еден систем/еден компресор.

Покрај стандардната верзија од 10 бари, изведувачите кои бараат поголема флексибилност, можат да изберат верзија опремена со подесување на притисокот помеѓу 6 и 14 бари. Со “pV контролата”, користена кај поголемите Mobilair модели, континуираното подесување на притисокот (p) директно влијае на максималниот проток (V). Благодарејќи на овој флексибилен контролен систем, еднакво е можно да се ракува со пикамер со макс. притисок од 7 бари и да се пескари со притисок на 10 бари. Исто така, предност е и дополнувањето на потенцијалните загуби на притисок, при работење со подолги воздушни црева.

При најниското подесување на притисокот, M59 може да осигура проток на воздухот до 5.5 m³/min. Подесувањето на притисокот со проверениот “Sigma Control Smart” контролерот е лесно и едноставно –  како и самото стартување на системот.

Еколошка едноставност

Моделот M59 е напојуван од Hatz мотор кој ги задоволува и најстрогите ЕУ 5 Регулативи за емисија на гасови. Како надополнување, Европскиот модел на M59 е достапен и со лесна шасија без сервисна кочница (под 750 kg). Со тоа возачот нема потреба од специјална дозвола за приколка и може да се користи помало возило. 

За да се искомпензира дополнителната тежина поради системот за третман на гасови, големиот резервоар за гориво, плус опциониот афтеркулер, Kaeser прифати нов пристап во конструкцијата. Вградениот Алуминиум нуди тежински заштеди споредувајќи го со полиетиленските поклопци – без загуба на робустноста и долготрајна вредност на компресорот.

Моделот M59 е исто така достапен и со шасија опремена со сервисна кочница. Ова најчесто се користи, кога ракувачот има избрано дополнителен генератор или систем за пост-третман на воздухот, со комбинација на филтер за безмаслен воздух. Изборот на генератори за струја кај М59 се од 8.5 или 13 kVA моќност, трансформирајќи го компресорот во мобилен извор на електрична енергија. Во овој случај “pV контролата” ja игра својата улога — во зависност од подесениот максимален притисок и потрошувачката на електрична енергија, контролата осигурува максимален можен проток на компресиран воздух и електрична струја симултано.

Постојан напредок BOMAG BW 28

Фирмата BOMAG од Германија, веќе 60 години развива и произведува машини за набивање. Нивната цел е континуиран развој и секоја нова генерација на машини да биде подобра и поефикасна од претходната. Ова беше повтороно остварено со новиот пневматски ваљак BW 28 RH. Без разлика дали се работи за флексибилниот балласт (менување на тежината), ергономската кабина […]

BOMAG BF 200: Најкомпактниот финишер

Како најмал од сите компактни финишери, со минимална ширина на асфалтирање од само 1,10 m, освојува нови области за примена во градската и урбаната изградба на патишта и улици (пример: асфалтирање помеѓу трамвајски или железнички линии. Уникатниот 2-платформски концепт, исто така, го прави идеален за употреба во многу ограничени области како што се пешачки метроа и тесни коридори
BOMAG го разви моделот BF 200 за да ги задоволи потребите за изградба на патишта во градските центри. Неговата променлива ширина на асфалтирање и двете различни висини на работната платформа, овозможуваат флексибилно прилагодување кон урбаните услови.
Ширината на асфалтирање започнува од 1,10m и може да се прошири постепено до ширина од 3,40m
, за многу кратко време благодарејќи на докажаниот Quick Coupling систем со брзи спојки. Исто така, благодарение на ефикасната Magmalife технологија на греење на даската овозможува брзо и рамномерно загревање. Сето ова овозможува финишерот BF 200 да постигне максимален капацитет на поставување асфалт од 200 t/h. Машината исто така може да се транспортира во рамки на дозволеното и со прикачени продолжетоци.

 

Уникатната карактеристика на BF 200 е неговата минимална ширина на асфалтирање од 1,10m. За прв пат, ова овозможува асфалтирање помеѓу железнички или трамвајски пруги со финишер. Новиот мини финишер на BOMAG успешно се справува и со другите вообичаени сценарија во урбаното асфалтирање, значително подобрувајќи го квалитетот на асфалтот во градот – особено во области кои претходно можеа да бидат “асфалтирани” само рачно.

KUBOTA моторoт од 55 kW обезбедува доволна моќност и истиот веќе го исполнува Европскиот стандард за емисија на гасови – Ниво 5 (Stage V). Ова ја прави машината ефикасна во однос на потрошувачката и во исто време иновативна инвестиција, бидејќи усогласеноста со стадиумот V значи дека веќе ги исполнува стандардите за емисии што се бараат во 2020 и понатака.

BF 200 се одликува и со практичниот BOMAG ECOMODE систем за намалена потрошувачка. Активното управување со моторот автоматски ја прилагодува брзината на моторот и обезбедува моќност кога е потребно. Друга предност не е само намалената потрошувачка на гориво и емисијата, туку и пониското ниво на бучава, особено во урбаните средини.

Прегледност и Ергономија.

Новиот и уникатен дизајн на платформата со 2 нивоа му овозможува на операторот да избере помеѓу две позиции со различни височини. Повисоката платформа обезбедува одличен целосен поглед врз бункерот и останатите делови, додека долната платформа  му дозволува на операторот удобно да стои исправено и заштитено во урбаните средини, дури и кога работи во затворен и тесен простор.

Работникот има целосен преглед на двете страни благодарение на двaта контролни џојстици лево и десно. Ова значи дека финишерот BF 200 може да се контролира ергономски и прецизно од лево и од десно, во зависност од тоа на која страна треба да се следат асфалтните ивици.