08_BOMAG_Oberhof_112_August_4c_gold

Тешки Валјаци за Асфалт: Супериорна технологија. Оптимално набивање.

Одличниот квалитет е прогресивен резултат на секојдневниот стремеж за да се направи секогаш подобро. Со ова мото, BOMAG развива, дизајнира и произведува опрема за набивање повеќе од 60 години. Целта е да се направи секоја нова генерација модели подобра, поекономична и попродуктивна од претходната генерација. На крај, секоја BOMAG машина мора да биде способна да ја заврши работата побрзо, покомфортно и попрофесионално. Со работни тежини од 5 до 16 тони, BOMAG тандем вибрационите валјаци за асфалт, заедно со напредната технологија се прв избор за многу апликации при изградбата на патишта.

АРТИКУЛИРАЧКИ ВАЛЈАЦИ

Овие тешки вибрациони валјаци се користат за сите типови на асфалтни слоеви во изградбата и рехабилитација на патишта. Идеални за паркинзи, улици, булевари и автопати. Новата 5-та генерација е особено добро дизајнирана и лесна за управување и одржување.

ПИВОТ ВАЛЈАЦИ

Пивот вибрациони валјаци со управување на двата бандажи за набивање на сите типови асфалтни мешавини и слоеви, Изградба на нови патишта, реновирања, средни до големи градилишта, градски улици, патишта, аеродроми, паркинзи; особено за SMA и дебели асфалтни слоеви.

КОМБИНИРАНИ ВАЛЈАЦИ

Комбинираните валјаци (челик - пневматици) се одликуваат со ефект на гмечење на асфалтот за оптимално површинско заптивање. Овие модели со гуми и бандаж овозможуваат униформно набивање особено на осетливи асфалтни мешавини.

053918417B_BOMAG_BCM_net_v3_800x600

ASPHALT MANAGER 2

Автоматски контролирано набивање. ASPHALT MANAGER 2 системот автоматски ја прилагодува амплитудата континуирано во зависност од збиеноста на подлогата. Потребно е само да се избере типот и дебелина на слој што се набива и остатокот го прави системот.

ECONOMIZER SYSTEM

ECONOMIZER е систем за континуирано следење на набивањето во реално време. Степенот на набивање автоматски се мери и прикажува преку колор дисплеј во кабината. Ова е најлесниот и најефикасен систем за следење на набивањето.

BOMAP APP

BOMAP е едноставно и иновативно решение за дигиталното градилиште, за следење и документирање на резултатите во реално време преку безжична конекција. Апликацијата може да се инсталира на сите Андроид таблети и телефони.

Локација

Бул. Јане Сандански 7/16 
1000 Скопје, Македонија

Работно време

08:00  – 16.00 
Понеделник – Петок

Контакт

Телефон: + 389 2 2462 048
Email: contact@fimaco.com.mk