

Тандем Валјаци за асфалт
Овие модели се користат за сите типични асфалтни слоеви во изградбата и рехабилитација на патишта. Идеални за паркинзи, улици, булевари и автопати. Новата 5-та генерација е особено добро дизајнирана и лесна за управување и одржување.

Комбинирани Валјаци
Збивачкиот ефект на комбинираните валјаци со своите гуми, овозможува оптимално заптивање на површинскиот слој. Моделите со заден погон на гуми, даваат униформна набиеност особено на сензитивни асфалти, осетливи на влечење.

Пивот Валјаци
Набивање на сите типови на асфалтни слоеви, при изградба на нови или рехабилитација на средни и големи проекти, како градски улици, патишта, аеродроми, паркинзи; особено на тенки слоеви и дебели слоеви, SMA, модифициран полимер и сл.

Asphalt Manager 2
Автоматски контролирано набивање.
Ракувачот само треба да ја избере дебелината на слојот што се набива - останато го прави системот ASPHALT MANAGER. Амплитудата/ударната моќ континуирано и во реално време се прилагодува во зависност од набивниот резултат.

ECONOMIZER SYSTEM
ECONOMIZER Системот е најлесниот и најефикасниот систем за мониторинг на набивањето. Степенот на набиеност се мери автоматски и континуирано, со приказ на ракувачот преку едноставен дисплеј во боја во кабината.

BOMAP Aпликација
BOMAP е иновативно и едноставно решение за дигиталното градилиште при набивање асфалт и земја, со документирање на на резултатите во реално време на самото градилиште. Апликацијата може да се инсталира на сите стандардни Android таблети и паметни телефони.