MOBILAIR Мобилни Градежни Компресори
Произведени во Германија: Моќни и ефикасни со долготрајна вредност

Компресиран воздух секаде каде што е потребно, дури и при најтешките услови. Главната фабрика на Kaeser во Coburg, Германија произведува моќни машини со напредни и штедливи мотори и високо издржливи шасии во широк спектар на модели и примена за сите градежни проекти. Сервисната мрежа на Kaeser со својата логистика, осигурува работна доверливост на вашите компресори каде и да сте.

Компресори до 1.6 m³/min
Повеќенаменски, доверливи и лесни за транспорт: Малите компактни компресори на Kaeser со своите минимални димензии и високо-квалитетни мотори, се спремни за различни примени каде е потребен компресиран воздух.
Компресори до 5 m³/min
Компактните мобилни компресори во класата до 5 m3/min, се лесно управливи во сообраќај и градежни објекти и обезбедуваат моќни перформанси дури и при ладни услови, преку патентираната Anti-Frost контрола.
Компресори до 11.5 m³/min
Гамата на мобилни компресори од 5 – 11 m3/min, со својата сестраност ги задоволуваат сите предизвици при градилиштата. Секоја верзија е експерт за наменетата апликација. Избор на различни притисоци во една машина.
Компресори до 23 m³/min
Мобилните компресори во класата од 10-20 m3/min (до 14 бари) можат лесно да се справат со амбиентални температури од +50 °C и под -10 °C. Со напредните системи и контролата на моторот, овие компресори се особено ефикасни.
Компресори до 34 m3/min
Големи компресори до 34 m3/min (14 бари) со врвен компресиран воздух и максимална достапност, дизајниран за континуирана работа. Со своите модерни мотори и контролни технолгоии, овие компресори се екстремно еколошки и економични.
Пневматски Алат
Пневматски пикамери, дупчалки и пневматски црева и додатоци за секој индивидуален компресор. Се одликуваат со тивка работа, ниски вибрации и лесно дупчење и кршење на карпи, бетон и асфалт.